Како да ја користите Skype

Научете како да ја користите Skype и домашната мрежа за да вршите говорни и видеоповици без дополнителни трошоци.

Што е Skype?

Skype е популарна програма за говорни и видеоповици преку интернет. Можете да ја преземете Skype од интернет и таа функционира на десктоп и лаптоп компјутери, таблети и паметни телефони.

За да ја инсталирате Skype на мобилен уред, одете во продавницата за апликации за вашиот уред и побарајте ја апликацијата Skype.

Снимка од екран од играта Пасијанс

Skype исто така е претходно инсталирана на голем број компјутери со Windows. Ако не постои на вашиот компјутер, посетете ја интернет-страницата www.skype.com и кликнете на Преземања (Downloads). Штом сте ја инсталирале Skype ќе треба да дадете:

  • име на Skype
  • адреса на е-пошта или телефонски број (email address or phone number)
  • безбедна лозинка (password).

Кого можам да повикам на Skype?

Можете да го повикате секој корисник на Skype, без оглед каков тип уред користи за Skype. Соговорникот можеби веќе постои во вашиот именик или може да го додадете на Skype. На Skype не можете да го повикате бројот за итна помош или броевите 1300.

Колку чинат повиците на Skype?

Кога имате домашен пакет за податоци или пакет за мобилни податоци, повикувањето на други лица кои исто така ја користат Skype е бесплатно. Можете да зборувате онолку долго колку што сакате без да плаќате повеќе од редовната месечна претплата.

Бидете внимателни кога вршите видеоповици преку вашиот телефон со мобилни податоци, бидејќи надминувањето на месечниот пакет мобилни податоци може да чини дополнителни пари. Кога можете, вршете видеоповици преку домашната Wi-Fi врска.

Исто така, преку Skype можете да повикувате нормални телефонски броеви, но Skype ќе ви наплати за оваа услуга.

Како да создадете именик

Пред да се јавите некому на Skype, треба да го внесете соговорникот во именикот на вашиот Skype. Именикот претставува ваш личен телефонски директориум и ист е на кој било уред на кој ја користите Skype. Постојат два начини на кои може да се додадат луѓе во именикот.

  1. Skype може да го употребува вашиот постоечки именик (Skype can use your existing contacts list). Кога ја стартувате Skype првпат, може да ви биде побарано да ѝ дадете на апликацијата пристап до вашиот именик. Ако ѝ дадете дозвола, таа ќе почне да ги скенира вашиот контакти и ќе ги додаде. Потоа Skype ќе го ажурира нејзиниот именик.
  2. Пребарајте луѓе користејќи ја Skype на компјутер (Search for people using Skype on a computer). Користејќи ја Skype на компјутер, изберете Контакти (Contacts), потоа Нов компјутер (New Contact) и внесете го името на лицето или телефонскиот број во Лентата за пребарување (Search bar). Ќе се појави список со веројатни совпаѓања. Најдете го лицето со проверка на неговата локација и слика на профил. Штом ќе го најдете лицето кое го барате, кликнете на Додај (Add).

Ако сакате да ја користите Skype со некого кој нема сметка на Skype, користете ја Skype на компјутер за да изберете Контакти (Contacts), потоа Нов контакт (New Contact) и потоа Покани на Skype (Invite to Skype). Изберете дали сакате поканата да се прати како врска (link), е-пошта (email) или СМС (SMS), внесете ја адресата на е-пошта или телефонскиот број на другото лице и кликнете на иконата што лични на хартиено авионче (paper plane).

Како да вршите видеоповик со Skype

За да вршите видеоповик, кликнете на името на лицето во Именикот (Contacts list), потоа кликнете на иконата со видео-камера што се наоѓа во горниот десен дел на екранот. Потоа, кликнете на иконата со видео-камера што се наоѓа во горниот десен дел на екранот.

Ако лицето кое сакате да го повикате не се наоѓа во вашиот именик, внесете ги името во Полето за пребарување (Search box) во Луѓе, групи и пораки (People, groups & messages). Ќе се појави список со луѓе кои го имаат тоа име. Кога ќе го најдете лицето кое го барате, кликнете на неговото име, а потоа кликнете на иконата со видео-камера.

Како да одговорите на виодеповик на Skype

Ако некој ве повикува на Skype, вашиот уред ќе ѕвони исто како имате телефонски повик. На компјутер или на телефон со Android кликнете или допрете го копчето со зелена камера (green Camera button) за да одговорите на повикот. На iPhone поминете со прстот лево за да одговорите на повикот.

Кога ја користите Skype, ќе го видите лицето на соговорникот во полн екран. Ќе го видите вашето лице во помал екран. Така, ќе знаете како ве гледа соговорникот. Во долниот дел на екранот се наоѓаат неколку контролни копчиња (control buttons).

Како да додадете повеќе соговорници во повик на Skype

Кога вршите повик, можете да додадете повеќе лица во повикот. На компјутер, кликнете на иконата на лицето кое има знак плус (plus) (+) во горниот десен дел на повикот. Потоа, изберете го дополнителното лице од вашиот именик.

Како да завршите повик на Skype

Откако ќе се поздравите, едноставно кликнете на црвеното копче за прекинување повик (red hang up button) за да го завршите повикот.